Вик или Викос () — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел Името потекнува од словенскиот поим вик, што се однесува на одекот што се слуша кога некој вика.
Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.
Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Вик-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес МонодрендриA. Kathareios (Inspector of the 1st educational region of Epirus) Report of Inspection of Zagorochoria in 1913 и Кукули, и завршува во близина на селото Високо (Вицико, Викос).
Низ клисурата тече Водоматица, една од притоките на реката Војуша.
Наводи
Надворешни врски
Планинарење по клисурата Вик
Категорија:Клисури во Грција Категорија:Географија на Епир Категорија:Загори Категорија:Пинд