За македонскиот политичар и министер, видете Ѓорѓи Наумов (политичар) Ѓорѓи Наумов – Шоферо ( во — во ) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, револуционер и учесник во НОВ.

Биографија мини|лево|Дел од семејството на Ѓорѓи Наумов (7-ми од лево на десно), меѓу кои е и неговиот брат Стефан Наумов-Стив (втор од лево на десно) По професија бил автомеханичар. Заедно со својот брат Стив Наумов, се вклучил во комунистичкото движење пред Втората светска војна. Непосредно пред окупацијата на Македонија во април 1941 година, станал член на КПЈ. Бил еден од главните организатори на антифашистичката борба во Битола и Битолско. Заради тоа, како и поради своето војничко искуство, бил поставен за командир на Првиот битолски партизански одред „Пелистер“, формиран на 22 април 1942 година. Набрзо, на почетокот на мај, во близина на селото Лавци, бил заробен од бугарската војска и полиција. Бил подложен на долготрајна и жестока тортура. Откако бил осуден на смрт со бесење од битолскиот окупаторски суд, казната му била извршена во скопскиот затвор на 21 јули 1942 година.Александар Литовски, „Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско“, Завод и Музеј Битола, Битола, 2012, 50 стр.

Во негова чест, Средното техничко училиште во Битола го носи неговото име.

Родословие

Поврзано

Стив Наумов Стојан Донски (прадедо на Стив и Ѓорѓи)

Наводи

Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Починати во Скопје Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Наумови Категорија:Луѓе со потекло од Битуша