Горан Стојменовиќ (, – , ) — македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во вооружената престрелка во Куманово на 9 мај 2015 година заедно со седуммина соборци.
Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва
Горан Стојменовиќ е роден на 1 декември 1970 година во Тетово. По кратко време неговата фамилија се доселува во скопското село Миладиновци, каде завршува основно училиште како одличен ученик. Средно образование завршува во гимназијата „Орце Николов“ исто така со одличен успех.
Доброволно се пријавува за отслужување на воениот рок во тогашната ЈНА, во Белград и Ниш, а подоцна во 1991 година се пријавува на конкурсот за полициски службеници кој го завршува успешно. Во 1992 година својата кариера во МВР ја започнува во ПС-ИФОО, за да истата година на интерен оглас во Единицата за специјални задачи и без потешкотии ја заврши селективната обука и стана дел од ЕСЗ Тигар. Во Единицата со успех ги завршува основната и специјалистичката обука. Иако професионално никогаш не се занимавал со спорт, имаше спортски дух, многу ја сакаше кошарката, пливањето и скијањето.
Во Единицата, тој бил до 1998 година, кога бил прераспореден во полициска станица Бит-пазар, за кога било најпотребно во конфликтот 2001 година, тој повторно се вратил во Единицата. Неговата единствена парола била:„Живеам за единицата, таа е мојот живот!“. Во 2001 година за време на вооружениот конфликт учествува во сите акции во кои беше ангажирана Единицата.
Животот го загубил во престрелката на 10 мај 2015 година во Куманово, дочека извршувал службени задачи. Со највисоки почести бил погребан на гробиштата Камник, близу населбата Ченто, Скопје. Горан Стојменовиќ посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.
Поврзано
Вооружена престрелка во Куманово (2015)
Наводи
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Носители на на Медалот за храброст на Македонија Категорија:Македонски бранители Категорија:Македонски полициски службеници убиени на должност