Коралпе (Коралм«Koralm» im Landesgesetzblatt Nr. 37/2005.; , ) — планински венец во јужна Австрија, кој ја разделува источна Корушка од јужна Штаерска. Јужниот дел од венецот навлегува во Словенија. Веригата се простира од север на југ и е ограничена од реката Лавант на запад и реката Мура () на исток. На југ, на словенска територија, Коралпите се граничат со планинскиот венец Козјак. На источните падини на Коралпите се наоѓа заштитената природна територија Зекар-БеренталNaturschutzgebiet Seekar-Bärental (abgerufen 30..
Врвови Највисоката точка е врвот Гросер Шпајкогел (2 140 м). Тој е популарно туристичко место. На планината се наоѓа исто така и телевизиска и радиоантена, како и радар на австриската армија. Во североисточниот дел на венецот се наоѓа врвот Рајнишкогел (1 463 м), кој исто така е популарна туристичка атракција за жителите на Грац.
Геологија Планинската верига Коралпи во основа се состои од метаморфни карпи, од кои некои претставуваат значителен интерес за геолозите и колекционерите на полускапоцени камења. Во средишниот дел и околу Вајнебене (исто така популарна рекреациона и туристичка зона), венецот има пегматитови слоеви, кои содржат значителни количества сподумен, што го прави овој реон најпознатиот литиумов рудник во Европа. Наоѓалиштата на кварц и момирок, заедно со густите шуми, во минатото се во основата на индустриското производство на стакло, керамика, порцелан и изолациони материјали.Leopold Weber (Hrsg.
Железнички транспорт мини|Западниот влез на идниот тунел Железничкиот транспорт во Коралпите е во тек на градба. Во 2022 година тој ќе ги поврзува провинциските центри Клагенфурт и Грац со тунел под планинскиот венец. Проектираната должина на тунелот е 32,9 километри, по завршувањето тој ќе биде еден од најдолгите тунели на светотJohannes Fleckl-Ernst: Geodätische Herausforderungen beim Projekt „Koralmtunnel“.
Наводи
Категорија:Корушка Категорија:Штаерска Категорија:Планини во Австрија