Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец (роден на во - починал на во Лесновски манастир) — македонски православен светец и епископ.
Животопис Отецот Гаврил е роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип, каде завршил гимназија. Дипломирал во 1955 година на Факултетот за ликовни уметности во Белград и на Богословскиот факултет во Скопје. Парнаџиев работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Во 1963 година ја оставил световната служба и заминал на Света Гора, каде што се здобил со големо аскетско искуство, избегнувајќи контакти со луѓето. Таму бил замонашен во манастирот „Свети Павле“ со монашко име Гаврил. Во Македонија се вратил во 1971 година каде престојувал во повеќе манастири. Во декември 1975 г. бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. За време на монашкиот живот, отецот Гаврил речиси никогаш не спиел, а кога спиел, тоа го правел лежејќи на земја или на рогозина. Истовремено, постел многу строго поради што бил многу слаб, но се одликувал со голема виталност и енергија. Бидејќи ги претпочитал тишината и молитвата, често ги користел двете блиски пештери.„Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички“, Слободен печат, година XIV, број 3636, понеделник, 12 јануари 2026, стр. 24. На 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица во 1989 година бил хиротонисан за епископ со титулата „Велички“.
Кон крајот на мај 2017 година од страна на МПЦ-ОА бил прогласен за светец.Гаврил Светогорец епископот Велички во Штип беше прогласен за светец
Отецот Гаврил си ја предвидел смртта и самиот си отслужил 40 заупокоени литургии. Починал на 12 јануари 1990 година, со Евангелието, со крстот на градите и со бројаницата во раката. Бил погребан зад олтарниот дел на манастирот, поркај својот телесен татко и духовен син, монахот Кирил.„Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички“, Слободен печат, година XIV, број 3636, понеделник, 12 јануари 2026, стр. 24.
Творештво
„Стихозбирка“ (1975); „Света Гора – небесна земја“ (1978); „Пред најголемиот јубилеј на човекот“ (1980); „Правила и одредби на Православната црква за постот“ (1994); „Отец Херувим“ (1997);
Наводи
Категорија:Православни светци Категорија:Македонски светци Категорија:Македонски епископи Категорија:Христијанството во Македонија Категорија:Македонски христијани Категорија:Игумени на Лесновскиот манастир Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет