Кованска Река — река во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар.

Течение

Кованска Река извира од месноста Флора на планината Кожуф, на надморска височина од 1.700 м. Ја одминува месноста Брлово, примајќи ја Брловска Река, па продолжува по падините на Кожуф најпрвин во правец југозапад-североисток, а потоа кај месноста Високи Камен свртува и продолжува во правец северозапад - југоисток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Кованец и Прдејци, а во Вардар се влева од нејзината десна страна, во близина на селото Прдејци, на надморска височина од 53 м.

Хидрографија

Вкупната должина на реката изнесува 24 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 62 км2 и истото припаѓа на Егејскиот слив. Реката извира на надморска височина од 1700 м, а се влева на височина од 53 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1647 м, а просечниот релативен пад 69 ‰.

Стопанство

Во Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, како долгорочно решение за трајно решавање на проблемот на Општина Гевгелија била педложена изградба на брана на Кованска Река, сместена под селото Кованец, на надморска височина од 149 м, со зафатнина од 14.400.000 м3.

Галерија Реката од патот кој води до селото Кованец

Поврзано Кожуф Гевгелиско Поле Кованец Прдејци Вардар

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Кожуф Категорија:Кованец Категорија:Прдејци Категорија:Географија на Гевгелија