Перо Стојановски (роден на година во Скопје) — македонски политичар и дипломат.
Животопис Перо Стојановски е роден на 1 декември 1970 година во Скопје. Завршил на Електротехничкиот факултетот при УКИМ. Потоа работел како професор по математика и информатика. Во периодот од 2006 и 2008 година, тој бил државен секретар во министерството за образование и наука.
Стојановски во периодот од 27 јули 2008 до 10 јули 2009 година, тој ја извршувал функцијата министер за образование и наука. По крајот на мандатот, тој бил амбасадор на Македонија во Австралија.
Во 2015 година, од страна на Основниот суд Скопје, тој бил осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, во најголем дел финансиска додека ја претставувал Македонија во Австралија.http://daily.mk
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Амбасадори на Македонија во Австралија Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје