Кралство Србија () – средновековна феудална држава која под Стефан Првовенчани (велик жупан 1196—1217, крал 1217—1228) се развило од Рашка во 1217 година и траело до 16 април 1346 година, кога за време на владеењето на Стефан Душан (крал 1331—1346, цар 1346—1355) е издигнато на ранг на царство односно станало Српско Царство.
Историја Заднина Стефан Првовенчани на великожупанскиот престол доаѓа во 1196 година. Стефан Немања му го предал престолот на соборот во Рас и се замонашил во манастирот Студеница. Титулата велик жупан на Србија ја носел до 1217 година. Врската со Венецијанска РепубликаВенецијанската Република и римокатоличкиот запад го навеле да побара кралска круна од папата Хонориј III. Стефан порано, на крајот на XII век, веќе ја барал кралската круна од папата Инокентиј III. Истовремено круната ја барал и неговиот постар брат Вукан, кој од некои причини сметал дека е роднински поврзан со новиот папа. Покрај кралската круна, Вукан сакал да ја обезбеди и егзистенцијата на Барската надбискупија. Неканонската Барска надбискупија основана уште во 1089 година од страна на дукљанскиот владетел Константин Бодин од династијата Војисављевиќ. Укината е во 1143 година. Папата Инокентиј повеќе верба му поклонил на Вукан и ја обновил Барската надбискупија која на Латеранскиот собор во 1215 година, стекнала јурисдикција над сите римокатолички епископии во српската држава.
Стефан Првовенчани
250px|мини|лево|Свети Симеон, Стефан Првовенчани и Владислав, Крушедол Значаен чекор кон воспоставување на Српското Кралство била женидбата на Стефан со Ана Дандоло. Ана била ќерка на венецијанскиот вицедужд Рајнеро Дандоло, односно внука на прочуениот Енрико Дандоло на чиј наговор крсташите во 1204 година го зазеле Цариград. Во средината на XIV век податокот за женидбата на Стефан Првовенчани со Ана Дандоло за забележал венецијанскиот дужд Андрија Дандоло во својата Chronica per extensum descripta. Во дванаесеттата година од владеењето на дуждот Пјетро Зјани (1205-1219), во периодот од 5 август 1216 до 5 август 1217 година, Андрија Дандоло го сместува следново: „Исто така и Стефан, господарот на Рашка и Србија, кој се нарекува велик жупан, штом внуката на покојниот дужд Хенрик Дандоло беше ја зел за жена, откако по наговор на жената се одрекол од шизмата, преко пратеникот на папата добил да биде украсен со кралски наслов, и преку легатот на кардиналот испратен заради тоа, заедно со жената е крунисан.“ Веста за крунисувањето ја забележал и јеромонахот Доментијан во житието на Свети Сава. Според Доментијан, студеничкиот игумен Сава го испратил епископот Методиј во Рим со упатства од папата да ја добие кралската круна. Методиј успешно ја извршил оваа задача. Според западни извори, крунисувањето на Стефан го извршил папски легат, а според Доментијан и Теодосиј Хиландарец, Свети Сава кој при крунисувањето на главата на Стефан ја ставил раката на Јован Крстител. Андрија Дандоло истакнува дека кралската круна тогаш ја примила и сопругата на Стефан, Ана Дандоло, и дека тоа следело веднаш по склучувањето на бракот (dum neptem....ducis accepisset in coniugem). Врз основа на Дандаловото излагање може да се заклучи дека на крунисувањето му претходел бракот на Стефан со Ана, а потоа и одрекувањето на Стефан од православието заради круната.
Во тоа време семејството Дандоло имало големо влијание бидејќи еден негов член, Јован Дандоло, бил и дубровнички кнез. Дубровничката општина токму во 1215 година склопила многу поволен, пред сè трговски договор со српскиот жупан. Колку кнезот Јован имал удел при склопувањето на бракот не е познато.
Титулата на Стефан Првовенчани пред 1217 година гласела: „велик жупан Стефан, намесник господов на сите српски земји“. Ваквата титула е забележена во Хиландарската повелба од 1200 година со која Стефан ги потврдил повластиците кои на Хиландар му ги дал неговиот татко. После крунисувањето, Стефан му издал повелба на манастирот Жича во 1217 година. Во неа неговата титула гласи: „Стефан, по милоста Божја, венчан крал и самодржец на сите српски земји и Поморјето“.
Во 1219 година Стефан успеал да се ороди со моќното семејство Ангели кое управувало со Епирското Деспотство. Благодарение на преписката на митрополитот Нафпакт Јован Апокавк дознаваме за подготовките за венчавање на Радослав Немањиќ и Ана Ангелина Комнина Дукина, најстарата ќерка на епирскиот деспот Теодор Ангел Дука Комнин. Подготовките почнале уште во 1218 година. Бракот е склучен година дена подоцна, кон крајот на 1219 година. Пред крајот на животот Стефан му издал уште една повелба на манастирот Жича со која под негова јурисдикција ги става сите владетелски задолжбини (Хиландар, Ѓурѓеви Ступови, Студеница, Милешева). Најстариот син на Стефан, Радослав, уште во текот на животот на татко му бил одреден за наследник. После кратка болест, Стефан починал на 24 септември 1227 година. Непосредно пред смртта се замонашил. Го зел името Симон. Најпрво бил погребан во манастирот Студеница, но подоцна неговиот брат Сава ги пренел неговите мошти во Жича.
Стефан Радослав
Во втората Жичка повелба Радослав се нарекува татков наследник. Значи, тој уште за време на животот на татко му бил одреден за наследник на престолот. Радослва можеби управувал со дел од Зета и Захумље со престолнина во Котор. Извршувал функција слична на функцијата на својот стрико, Вукан Немањиќ. Радослав во текот на своето владеење постојано го истакнувал своето грчко потекло. Мајка му, Евдокија Немањиќ, имала големо влијание на него, што се гледа од потписот на Радослав. На сите повелби се потпишувал како „Стефан Дука“. Негов дедо бил византискиот цар Алексиј III Ангел. Радослав за крал го крунисал стрико му Сава на Спасовден 1228 година во Жича. Меѓутоа, подоцна доаѓа до влошување на односите меѓу српскиот крал и архиепископот. За црковни прашања Радослав го заобиколувал српскиот и за совети се обраќал до охридскиот архиепископ. На Хоматијан му се обраќале и некои кои не биле под негова јурисдикција – атонски монаси, солунски граѓани, ѓаконот и хартофилаксот од Драма, митрополитите на Драч и Коркира. Ана, сопругата на кралот Радослав, била ќерка на Теодор Комнин Дука кого во средината на 1227 година за цар го крунисал токму Димитрија Хоматијан. Прашањата на кралот Радослав и одговорите на нив се сочувани во ракопис од XVI век во збирката на Баварската државна библиотека></ref>. Самото нивно постоење упатува на претпоставка дека Радослав сакал штотуку основаната српска црква да ја врати под јурисдикција на Охридската архиепископија. Се разбира, неговиот стрико не се сложувал со таквата црковна политика, па ја напуштил татковината и отишол на своето прво поклонение во Светата Земја..
Во надворешната политика, Радослав во целост се потпирал на својот тест. Меѓутоа во 1230 година доаѓа до прераспределба на снагите на Балканот. Во Битката на Клокотница (притока на Марица), Теодор е поразен од страна на Второ Бугарско Царствобугарскиот цар Јован Асен II. Асен во битката ја скршил моќта на епирскиот владетел. Последиците од битката ѝ се одразиле и на Србија. Благородништвото, незадоволно од кралската проепирска политика, побарало помош од Бугарите за да изврши државен удар. До побуна дошло кон крајот на 1233 година или на почетокот на следната година. Благородништвото на престол го довела помладиот син на Стефан Првовенчани, Стефан Владислав. До февруари 1234 година, Радослав се засолнал во Дубровник.
Стефан Владислав
300px|мини|Бел ангел, фреска во Милешева Новиот српски крал бил оженет со ќерката на бугарскиот цар, Белослава Асен. Владислав го крунисал стрико му Сава. Изгледа дека помладиот сина на Стефан Првовенчани пред доаѓање на престолот владеел како уделен кнез. Тој до 1220 година го подигнал манастирот Милешева во чие украсување можеби учествувал и архиепископот Сава. На почетокот на владеењето на Стефан Владислав, односните со Дубровник не биле добри. Српскиот крал вршел притисок на дубровчаните да му го предадат Радослав. Радослав за помош се обраќал и до босанскиот бан Матеј Нинослав. Меѓутоа морал да го напушти Дубровник со кој српскиот крал се спремал да завојува. Се засолнал во Драч каде, наводно, дошло до раздвојување со жена му Ана. На повик на стрико му Сава, Радослав се вратил во Србија каде умрел во 1235 година како монах Јован. Сава умрел веќе следната 1236 година во бугарската престолнина Велико Трново, при враќањето од едно од неговите патувања по источните патријаршии. Според Доментијан, Бугарите сакале да го задржат неговото тело кое најпрво било погребано во црквата Четириесет маченици. Владислав отишол кај тестот да го моли за телото на стрико му Сава. Јован на крајот му излегол во пресрет. Телото на Сава било вратено во Србија каде е положено во веќе спремен гроб во Милешева..
Во 1235 година Владислав му издал повелба на Дубровник. Дубровник се обврзал дека нема да ги прима противниците на српскиот крал на својата територија, а српскиот крал за возврат му ги потврдил на градот поранешните повластици. Тогаш се востановил обичај при секоја промена на чело на српската или дуброничката држава повторно да се потврдуваат воспоставените договори.
Во 1237 година, Владислав со војската морал да отиде на крајниот запад на својата држава, на реката Цетина. Повод бил упадот на унгарскиот херцег Коломан во Хумската земја со која владеел Тољен II, вазал на српскиот крал и потомок на Мирослав Завидовиќ, брат на Стефан Немања. По успешниот продор низ Босна, Коломан упаднал во земјата на кнезот Тољен. Присуството на војската на Владислав ги спречило понатамошните унгарски продори. Во таа прилика склопен е сојуз меѓу Српското Кралство и Сплит.
На почетокот на четириесеттите години на XIII век, Татарите вршат инвазија на источна Европа. Настрадале, Полска, Шлеска, Русија, Унгарија, а Монголците стигнуваат до Јадранското Море гонејќи го унгарскиот крал Бела IV. При враќањето, поминале низ Србија и Бугарија, па во 1243 година, под водство на Бату-кан, ја основале Златната орда. Непосредно пред монголскиот упад, умрел бугарскиот цар Јован. Го наследил неспособниот син Коломан I Асен. Владислав ја изгубил поткрепата од Бугарија и бил симнат од престолот во 1241 година. Го наследил помладиот брат Урош. Владислав продолжил да живее во Србија. Умрел во 1269 година, а погребан бил во својата задолжбина, Милешева.
Стефан Урош I
300px|мини|Балканскиот Полуостров во 1265 година Почетокот на владеењето на Стефан Урош било обележено со доаѓањето на германските рудари, Саси, во Србија. Не се знае причината за доаѓањето на Сасите во Србија. Постојат две теории – дека под притисок на Монголците се засолнале во Србија со одобрение на српскиот крал или дошле на позив на самиот крал Урош, привлечени со обострани економски интереси. Сасите донесуваат нови техники на обработка на обоените метали кои Србите не ги познавале. Прв историски извор кој ги споменува Сасите е Урошевата повелба на Брсково од 1254 година. Сасите му овозможиле на кралот да се осамостои од благородништвото бидејќи можел да држи платенички сили.