Рафаел Варан (), (, ) – француски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на француската репрезентација.

Животопис Неговиот татко е од Мартиник, а мајка му е Французинка.

Клупска кариера Кариерата ја почнал во локалниот клуб Елем на возраст од седум години. После две години во „мал“ клуб, го забележуваат скаутите од Ланс. Иако интерес покажале и други локални клубови, меѓу кои и прволигашот Лил, тој оди во Ланс.

Ланс Кон крајот на октомври 2010 година, Варан е повикан да тренира со првиот тим. На тренингот доаѓа до повреда на еден од одбранбените играчи на Ланс, а како единствено решение се наметнал младиот Варан. Тоа бил натпревар против Монпелје на кој Ланс победил со 2 : 0. Варан одиграл извонредни 90 минути, па предизвикал еуфорија во градот и пошироко. На големо бил фален од тренерот, претседателот на клубот, капитенот и останатите соиграчи. Медиумите го прогласиле за еден од надежите на францускиот фудбал.

Варан одиграл уште неколкупати во првиот ти, а клубот за да го задржи и за да ги одврати останатите клубови од него, го продолжува неговиот договор на уште четири години. Својот прв гол го постигнал во ремито против Кан на 8 мај. Но Ланс заради своите лоши партии испаѓа во Втората француска лига.

Реал Мадрид Варан со своите одлични игри привлекол многу големи клубови во Европа, но за негово ангажирање најупорен бил големиот мадридски гигант, Реал. Неговото преоѓање во Реал на Лансовите навивачи им го потврдил претседателот на клубот Жерве Мартел на 22 јуни 2011 година. Варан пред оваа потврда бил во Мадрид на разговор кај својот сонародник Зинедин Зидан. Пет дена подоцна од Лил, трансферот го потврдил и Реал. Веќе на подготовките Варан дебитирал на натпреварот против ЛА Галакси кој Реал го добил со 4 : 1. Во Ла лига дебитира против Расинг Сантандер на 21 септември 2011 година.

Три дена подоцна на натпреварот против Рајо Валјекано, Варан го постигнува својот првенец за Реал. Со 18 години и 152 дена станува најмладиот странски играч стрелец за Реал.

На 27 јули 2021 година, било објавено дека Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид постигнале договор за трансфер на Варан, под услов тој да помине лекарски прегледи и да потпише договор.

Репрезентативна кариера Варан ги поминал сите категории на француската фудбалска репрезентација, а на своето деби за П-18 постигнува гол против Данска. Набрзо добива повик за репрезентацијата П-21. Својот единствен гол за репрезентацијата П-21 го постигнал на натпреварот против Словачка.

Францускиот фудбалски селектор во мај 2016 година го објави пописот за настап на Европското првенство во Франција, на кој е изоставен Варан заради повреда. Варан се повреди на тренинг на Реал Мадрид за финалето од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид, а бидејќи за заздравување му требало околу три недели, го пропуштил не само финалето од Лигата на шампионите, туку и Европското првенство.

Трофеи Клуб Куп на кралот (1): 2014 Ла лига (1) : 2011/12 Суперкуп на Шпанија (1) : 2012 Лига на шампионите (2): 2014, 2016 Суперкуп на УЕФА (2) : 2014, 2016

Наводи

Надворешни врски

Real Madrid official profile La Liga profile

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ланс Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе