Херенфен (, ) — град и општина во Фризија на северот на Холандија.

Историја Градот е основан во 1551 од страна на три лордови како локација за ископување на тресет кој се користи за произвдство на гориво, па оттука и името ( Heer е "Господ", Veen е "тресет "). Херенфен бил еден од традиционалните единаесет градови во Фризија кој не ги имал добиено т.н. градски права. Сепак тој е еден од наголемите градови во покраината. Ветерницата Велхелген, Херенфен или Tjepkema е Molen е единствената преживеана од седумдесеттите која постоела во Херенфен.

Населени места Население заклучно од 1 јануари 2014:

Херенфен (29,750), Бонтебуккo (440), Де Книпеe (1470),Херслот (290), Хорнстерзвах (890), Јубеха (3270) Катлајк, (630), Лаунјеберд (450), Милдам (740), Ниувехорн (1500), Ниувесхот (140), Орањњвуд (1030), Аудхорне (850) Аудсхот (1480), Рерванд, (290) и Тјалеберд (730).

Музеј Музеј Белведере - модерна и современа уметност

Сообраќај Железничка станица Херенфен

Локална влада

Локалната влада се состои од 27 пратенички места.

Спорт Херенфен е познат по своите спортски достигнувања и спортските објекти на светско ниво. Тоа се однесува на Абе Ленста фудбалскиот стадионот и Тиалф арената за брзо лизгање, која била една од првите затворени 400 лизгалишта во светот, и каде што на годишно ниво се одржувале многу меѓународни настани кој привекувале голем број луѓе. Тиалф е исто така дом на тимот на Херенфен Флаери во хокеј на мраз . Фудбалскиот тим на, Херенфен е редовен учесник во Холандска прва лига, како и во Лига Европа, а едно неговите најголеми достигнувања на тимот, е нивното квалификување за Лигата на шампионите во 2000 година. Во 2006 година, проектот "Sportstad" (Спорт Сити) бил завршен, во кој биле вклучени сала за гимнастика, базен и продолжување на фудбалскииот стадион. Стадионот Абе Ленстра е невообичен наспрема бројот на жителите на градот, бидејќи градот има помалце жители од капацитетот на стадионот.

Збратимени градови Ришон Израел, Израел

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Фризија (Холандија) Категорија:Населени места во Фризија (Холандија) Категорија:Населени места основани во 1551 година