мини|300п|Поглед кон градот Разлог и котлината. Разлог (или Разлошко) — историско-географска област во Пиринска Македонија сместена во Разлошката Котлина.
По областа е наречен и денешниот град Разлог, кој до 1925 г. изворно се нарекувал Мехомија.Указ № 86/обн. 26.03.1925 г.
Географски особености Котлината се протега во горното поречие на реката Места меѓу планините Рила на север, Пирин на југозапад и југ и Родопите на исток. Во правец ЗСЗ-ИЈИ долга е 21 км, со просечна ширина од 12 км. Котлинското дно се наоѓа на средна надморска височина од 940 м. Во североисточниот дел меѓу Рила и Родопите се наоѓа Беличкото Поле, кое претставува дел од неа.{ "type": "FeatureCollection", "features": [] }Западниот дел на котлината е рамен, исполнет со терцијарни наслаги, покриени со ледничконаносен материјал, а источниот дел е ридест. Кај градот Добриништа и селата Бања и Елешница извираат топли минерални извори, а има и наоѓалишта на нискокалорични лигнитни јаглени. Климата е типично планинска со средоземно влијание. Котлината се одводнува во реката Места, која минува низ нејзиниот ридест источен дел и нејзините притоки: десни — Беличка Река, Исток (со притоките Бела Река и Глазне) и Добринишка Река; леви — Златарица. Почвата е кафеава планинска (во периферните делови) и алувијална и делувијална (во котлинското дно и по теченијата на реките). Климатските и почвените услови се погодни за одгледување на раноградинарски култури.
Населени места Во Разлошката Котлина и по нејзината периферија со околните планини се наоѓаат 4 града (Банско, Белица, Добриништа и Мехомија), како и 8 села (Бања, Бачево, Годлево, Хахњово, Горно Драглишта, Долно Драглишта, Елешница и Краиште). ОпштинаИме (ново име)ТипНаселение (2024)Општина БанскоБанскоГрад10.017Добриништа (Добриниште)Град2.544Општина РазлогМехомија (Разлог)Град11.040БањаСело2.656БачевоСело1.404ЕлешницаСело1.093Горно ДраглиштаСело721Долно ДраглиштаСело574Недобарско (Добaрско)Село504ГодлевоСело403Општина БелицаБелицаГрад2.949КраиштеСело2.379Хахњово (Горно Краиште)Село1.185
Сообраќај Низ котлината минуваат делови од два државни пата: Од северозапад кон југоисток, во долж. од 15,5 км — потег од второкласниот пат бр. 19 Симитли – Банско – Неврокоп – ГКПП „Илинден“. Од североисток кон југозапад, во долж. од 13,7 км — потег од второкласниот пат бр. Званичево – Велинград – Мехомија.
Низ котлината поминува и крајниот потег од трасата на теснолиниската железница Септември – Добриништа.
Поврзано Беличко Поле
Топографска карта Топографска карта K-34-83 , размер: 1:100 000
Наводи
Извори Енциклопедия „България“, том 5, Издателство на БАН, София 1986 Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 403-404
Категорија:Пиринска Македонија Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Историско-географски области во Бугарија Категорија:Котлини во Бугарија