Димитар Бузлевски (роден во година во Јанковец, Ресенско) — македонски политичар.
Животопис
Димитар Бузлевски завршил на Економскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, тој се вработил во претпријатието „Агроплод“ во Ресен. Во периодот од 20 декември 1994 година до 29 мај 1997 година, тој ја извршувал функцијата Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија на Република Македонија, и до 1998 година бил потпретседател на Владата на Република Македонија.
Бузлевски бил и член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Собранието на Република Албанија, член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Собранието на Република Полска. Во 1998 година, тој бил избран за пратеник на Собранието на Македонија.Собрание на Република Македонија
На Локалните избори од 2005 година, Бузлевски бил избран за Градоначалник на Општина Ресен, и на оваа функција се задржал до 2009 година. Во 2012 година бил исклучен од членството на СДСМ, по кое на Локалните избори од 2013 година се кандитирал повторно за Градоначалник на Општина Ресен, но на изборите не победилИзборна архива.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за транспорт и врски на Република Македонија Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1992 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Градоначалници на Општина Ресен