Љупчо Балкоски (роден на година во Струга) — македонски политичар.

Животопис

Љупчо Балкоски е роден на година во Струга. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Собрание на Република Македонија

Во периодот од 1992 до 1999 година бил вработен во градежното претпријатие „БАЛКО Инженеринг“. Во периодот од 1999 до 2000 година ја извршувал функцијата Главен републички инспектор за урбанизам и градежништво при Министерство за транспорт и врски.

Во периодот од 28 јули 2000 година до 1 ноември 2002 година ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија. По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори во 2002 година, Љупчо Балкоски станал пратеник. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и член на ИК на ВМРО-НП по нејзиното основање, во периодот од 2004 до 2010 година, додека денеска е Генерален секретар на ВМРО-НП. Во период од 2020 до 2024 година, бил пратеник во Собрание на Република Македонија, од страна на ВМРО-НП.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за транспорт и врски на Република Македонија Категорија:Политичари од Струга Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Политичари од ВМРО-НП