Владо Мисајловски (р. на 21 јануари 1985 година во Скопје) — македонски политичар, политиколог кој моментално ја извршува функцијата министер за одбрана и помеѓу 2015-2017 година ја извршувал функцијата министер за траснпорт и врски. Тој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Животопис
Владо Мисајловски е роден во Скопје. своето средно образование го завршил во Скопје, на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“. Завршил на Факултетот за општествени науки – Дипломатија и меѓународна политика, дипломиран дипломат - политиколог на УКИМ. Пред да стане министер, Мисајловски бил вработен како помлад соработник во Кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија.
Во периодот од 13 мај 2015 до 1 јуни 2017 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.
Тој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Ѓорче Петров во локалните избори 2017 година, но беше поразен од Александар Наумоски од СДСМ.
Од 24 јуни 2024 година тој бил назначен за министер за одбрана во кабинетот на Христијан Мицкоски.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2014 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Министри за транспорт и врски на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“