Санта Фе (англиски: Santa Fe) – американски филм од 1951 година, во режија на Ирвинг Пичел. Сценариото го напишале Кенет Гамет и Џејмс Ванс Маршал. Главните улоги ги толкуваат: Рандолф Скот, Џенис Картер и Џером Кортленд.
Содржина По завршувањето на граѓанската војна во САД, четворица браќа, кои се бореле на страната на Конфедерацијата, се упатуваат кон Санта Фе. Патем, силите на Северот градат железничка пруга и еден од браќата одлучува да им се придружи. Меѓутоа, неговите тројца браќа, полни со омраза кон своите непријатели од војната, се обидуваат да ја попречат изградбата...
Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија:Вестерни Категорија:Филмови од 1951 година Категорија: Филмови засновани на книги Категорија: Филмови на Ирвинг Пичел Категорија: Филмови со Рандолф Скот Категорија: Филмови со Џенис Картер Категорија: Филмови со Џером Кортленд