мини|десно|250п|Кеј на Кампечкиот Залив во градот Кампече.
Кампечки Залив () — залив во јужниот дел на Мексиканскиот Залив. Обиколен е мексиканските сојузните држави Кампече, Табаско и Веракрус. Зафаќа површина од и достигнува најголема длабочина од 180 м. Името му го дале конквистадорите Франциско Ернандес де Кордоба и Антон де Аламинос за време на нивната експедиција во 1517 г.
Нафтено лежиште Под заливот лежат петте нафтени полиња на Кантарел. Во 2003 г. бил второ најпродуктивно наоѓалиште во светот, и сочинувал две третини од мексиканското производство на сирова нафта, но потоа продуктивноста почнала нагло да опаѓа.
На 3 јуни 1979 г. истражното нафтено окно „Ишток I“ доживеало катастрофален избув, што го предизвикало третото најобемно пролевање на нафта во историјата.
Клима Во текот на јуни и јули, Кампечкиот Залив се смета за жариште во создавањето на атлантски урагани. Заливот се смета за источна граница на главниот преселбен пат на птиците од американските континенти.
Поврзано Кампече Мексикански Залив
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Заливи во Мексико Категорија:Мексикански Залив Категорија:Кампече