Насер Зибери (роден во година во Ласкарци, Скопско) — Народен правобранител,Насер Зибери избран за нов Народен правобранител македонски правник и политичар.

Животопис Насер Зибери завршил Правен факултет. Зибери работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“.Собрание на Република Македонија Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.

На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.Собрание на Република Македонија

Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.

По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.justicia.mk

На парламентарните избори во 2020 година, политичката партија ДУИ го промовираше Насер Зибери како свој кандидат за премиер.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Вицепремиери на Македонија