Мичо Поповски (Горничево, Леринско, — , ) — македонски спортист, доајен на македонскиот кајак на диви води. Тој бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.

Животопис Поповски е роден роден на 5 мај 1947 година во селото Горничево, Леринско во Егејска Македонија. Дипломирал како инженер металург. Кариерата ја започнал во Рудници и Железарница, а ја завршил како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.

Активно бил вклучен во спортот и бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет. Бил претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, Сојузот на спортски федерации на Македонија и прв Претседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето. Како селектор на Македонската репрезентација бил учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина. Бил добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Бил и претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно бил посветен на развојот на младинските категории. Починал во Скопје на 16 април 2017 година.Почина Мичо Поповски, доајен на кајакарскиот спорт Наводи

Категорија:Македонски кајакари Категорија:Луѓе од Горничево Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“