Горан Сугарески (роден на година во Прилеп) — македонски политичар.

Животопис

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собрание на Република Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година.

Надворешни врски Собрание на Република Македонија Собрание на Република Македонија

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2017 Категорија:Министри за транспорт и врски на Република Македонија Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје