Илијаз Сабриу (роден на година во Пирок, Тетовско) — македонски политичар.

Животопис

Илијаз Сабриу завршил економски факултет во Приштина во 1973 годинаСобрание на Република Македонија. Како економист бил вработен во Секторот за план и анализа на Собранието на Општина Тетово од 1974 до 1982 година. Во текот на својата работна кариера бил Претседател на Извршниот совет на Општина Тетово од 1982 до 1986 година, заменик на претседателот на Републичкиот комитет за труд од 1986 до 1988 година, заменик на претседателот на Републичкиот комитет за стопанство од 1988 до 1990 годинаСобрание на Република Македонија.

Во периодот од 20 март 1991 до 28 февруари 1996 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.

На Парламентарните избори од 1998 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1991 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1992 Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 1998-2002