Драган Тевдовски ( во Скопје) — македонски политичар и министер за финансии во македонската влада од 2017. Средно училиште завршил во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на економскиот факултет при универзитетот во Белград во 2006 година со просек 10, а во 2010 станал доктор по економски науки на економскиот факултет во Скопје. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика. Тевдовски е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија.Драган Тевдовски – Ќе има ли волшебна формула за јавните финансии Утрински Весник (29 мај 2017)
Политички ставови Драган Тевдовски како министер за финансии се залага за укинување на рамниот данок (со кој приходите на сите подеднакво се оданолчуваат), кој беше воведен од владата на Никола Груевски и негова замена со прогресивен данок (со кој повеќе се оданочуваат граѓаните со поголеми приходи). На 25 јуни 2019 година Собранието го разрешува од министерската позиција. По неговото разрешување Министерството за финансии го презема тогашниот премиер Зоран Заев. По назначувањето на Нина Ангеловска за министер за финансии прогресивниот данок се става во мирување 36 месеци. По овој повод Тевдовски преку Фејсбук ги повикува пратениците на СДСМ и им вели „Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ“
Наводи
Надворешни врски Интервју со Драган Тевдовски на Fakulteti.mk
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Влада на Република Македонија од 2017 Категорија:Министри за финансии на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Економскиот факултет - Скопје