мини|десно|250п|Морепловна карта на Анадирскиот Залив

мини|десно|Градот Анадир и устието на истоимената река во заливот Анадирски Залив () — најголемиот залив на Беринговото Море во далечниот североисток на Сибир, Русија.

Местоположба Заливот има пречник од 400 км и приближно правоаголен облик. Југоисточниот дел е отворен кон морето, а аглите (надесно од југ) се ’ртот Наварин, устието Анадирски Лиман, заливот Креста и ’ртот Чукотски и Чукотскиот Полуостров. Долж североисточниот брег во должина од 72 км се протега појас од чакал, источно од заливот Креста. Анадирскиот Залив е прекриен со мраз 10 месеци во годината.География. Современная иллюстрированная энциклопедия. Росмэн. Под редакцией проф. А. П. Горкина, М. 2006 Во близина на крајбрежјето се појавуваат гренландскиот и сивиот кит.

Население На брегот на заливот, се наоѓа истоимениот град Анадир, кој претставува административен центар на Чукотскиот автономен округ. Градот е сместен на устието на самото устие на реката Анадир, каде што се влева во Анадирскиот Залив. Други позначајни населени места на крајбрежјето се Провиденија (на Комсомолскиот Залив, огранок на Анадирскиот) и Егвекинот, на заливот Креста.

Стопанство Брегот и крајбрежната морска површина на заливот имаат лежишта на нафта и гас. Најголемо од нив е Западноезерското повеќеслојно наоѓалиштеПолудеткина Елена Николаевна — Геохимические предпосылки нефтегазоносности Анадырского бассейна.

Анадир (река) Чукотски Полуостров Чукотски автономен округ

Наводи

Литература

United States Hydrographic Office (1909). Asiatic pilot, Volume 1. Issues 122-126; Issue 162 of H.O. pub. Gov. Printing Off., Washington. pp 50–51.

Надворешни врски

Н. И. Мымрин — Биоресурсы Анадырского залива и благополучие аборигенного населения Чукотского полуострова

Категорија:Берингово Море Категорија:Заливи во Русија Категорија:Географија на Чукотскиот автономен округ Категорија:Заливи во Тихиот Океан