Муфтија () — претставник на верската власт и правосуден толкувач на шеријатот, исламскиот закон, признат заради својата честитост, верското и правното знаење. Муфтијата може да изрече фатва кога треба да се реши некој непознат правен проблем.
Позната е фатвата изречена над индискиот писател Салман Ружди. мини|лево|Муфтија чита во својата молитвена столица, од Жан-Леон ЖеромJean-Léon Gérôme, околу 1900) Во некои земји, во кои политичкиот систем е официјално заснова на исламот, како на пример во Иран, Саудиска Арабија, или каде правниот систем се заснова на шеријатот, како во Египет, муфтиите , а особено великиот муфтија, ги советува правните и судските органи. Меѓутоа, со оглед на децентрализацијата карактеристична за исламот, извршувањето на фатвата која ја издал муфтија не е задолжително за ниеден муслиман, освен за самиот муфтија и за оние кои доброволно се ставаат под негова заштита.
Кај шиитите, функцијата на муфтиите ја извршуваат ајатоласи.
Поврзано Имам Улема Кадија Калиф Мула Шеик Ајатолах
Наводи
Надворешни врски The ethics of Muftī by Imam Ibn Khaldûn
Категорија:Титули Категорија:Ислам Категорија:Верски занимања Категорија:Арапски зборови Категорија:Турцизми