Бобан Николов (роден на 28 јули 1994 г. во Штип) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Шериф Тираспол и на македонската репрезентација.

Клупска кариера Николов започнал да игра фудбал во својот роден град, во клубот Брегалница, и само на 15-годишна возраст се преселил во академијата на прославениот романски фудбалер Георге Хаџи. Откако ги поминал соодветните возрасни категории во Академијата Георге Хаџи, тој потпишал професионален договор со романскиот прволигаш Виторул Констанца.

На 8 март 2013 година, тој дебитирал во дресот на Виторул во романската прва лига, во поразот од 4–1 од Газ Метан Медијаш. Својот прв гол во романската прва лига, Николов го постигнал на 19 мај 2013 година во изненадувачката победа од 5-2 над Стеауа Букурешт.

Во летото 2015 година, Николов потпишал тригодишен договор со Вардар.Николов и Брдаревски нови засилувања на Вардар Дневник; 12 јуни 2015 Во сезоната 2017-2018 Николов бил дел од тимот на Вардар кој успеал да се пласира во групната фаза на Лига Европа, со што црвено-црните станале првиот македонски тим од осамостојувањето кој успеал да го стори тоа. Покрај тоа, тој двапати го освоил првенството и еднаш Суперкупот на Македонија со Вардар.

На 18 јануари 2018 година, Николов потпишал за унгарскиот МОЛ Види, порано познат како Видеотон. Одиграл три години за овој клуб, забележал 106 настапи и 11 голови, и во истиот тој период освоил два трофеја со клубот: унгарското првенство и Купот на Унгарија.

На 19 јануари 2021 година, потпишал за италијанскиот клуб Лече, член на втората дивизија. Дебитирал во Серија Б во натпреварот Лече-Емполи 2-2. Во текот на вториот дел од сезоната 2020-2021, Николов собрал 13 настапи во првенството и 2 во плејофот за промоција, но не успеал во главната мисија да му помогне на клубот да избори промоција во Серија А.

На 20 август 2021 година, Николов се преселил во Молдавија каде потпишал за тамошниот шампион Шериф Тираспол. На 15 септември, дебитирал во групната фаза на Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Франк Кастањеда во завршницата од победата со 2-0 на домашен терен над Шахтар Донецк.

Репрезентативна кариера Николов е еден од играчите со најмногу настапи (24) за репрезентацијата на Македонија под 21 година и бил еден од најзаслужните за првиот историски пласман на оваа репрезентацијата на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска. Тој ги одиграл сите 10 натпревари во квалификациите за споменатото првенство и играл во трите натпревари од групната фаза на турнирот, во кои Македонија забележала едно реми и два пораза и била елиминирана.

На 29 мај 2016 година, Николов го имал својот прв настап за сениорската репрезентација против Азербејџан во пријателски натпревар одигран во Бад Ерлах, Австрија. На 24 март 2017 година, во својот трет настап за Македонија, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 2-0 против Лихтенштајн.UEFA

Во јуни 2021 година, Николов бил повикан во составот на Македонија за Европското првенство 2020. Тој ги започнал првите два натпревари од групната фаза против и , играјќи надвор од својата позиција на местото десен бек. Конечно, во последниот натпревар против , појавувајќи се од клупата за резерви во 78-мата минута, тој добил можност да игра во средниот ред. Македонија со три порази била елиминирана уште по групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули

Прва македонска фудбалска лига : 2 2015–16, 2016–17 Суперкуп на Македонија : 1 2015

Прва фудбалска лига на Унгарија : 1 2017-2018 Куп на Унгарија : 1 2018-2019

Наводи

Надворешни врски Бобан Николов на soccerway Бобан Николов на transfermarkt

Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Македонски фудбалери