Макпетрол — македонско трговско друштво за складирање, дистрибуција и продажба на гас и нафтени деривати, со седиште во Скопје. Името „Макпетрол“ е добиено со комбинација на „Македонија“ и „петрол“.
Историјат „Макпетрол“ е основан во 1947 година, под името „Југопетрол - Скопје“, со 85 вработени и неколку бензински станици.Мирослав Саздовски, „Макпетрол одбележа 70 години од своето постоење“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 10.
Активности Пролетта 2017 година, „Макпетрол“ ја отворил својата 126. бензинска станица во Македонија, сместена во Желино, во која биле инвестирани околу 170 милиони денари.Мирослав Саздовски, „Макпетрол ја отвори 126-тата бензиска станица во тетовско Желино“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 12. Во 2017 година, „Макпетрол“ ја отворил и својата 127. бензинска станица во Вевчани, а во фирмата работеле вкупно 1.800 вработени.Мирослав Саздовски, „Макпетрол ја отвори 127-та бензиска станица во Вевчани“, Економија и бизнис, година 19, број 233, ноември 2017, стр. 10.
Организација и менаџмент Претседател на управниот одбор на „Макпетрол“ е Андреја Јосифовски.
Финансиски показатели
Наводи
Категорија:Трговски друштва во Македонија Категорија:Акционерски друштва во Македонија Категорија:Нафтени претпријатија во Македонија