Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ — политичка партија од Република Македонија. Претседател на партијата е Стевчо Јакимовски.

Учество на избори Партијата на претседателските избори во 2014 имала свој кандидат за претседател, Зоран Поповски, кој освоил 31.368 гласови или 3,61% од вкупниот број гласови. На парламентарните избори во 2014 година, партијата учествувала самостојно и освоила едно пратеничко место.

На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освои две пратенички места.

На парламентарните избори во 2020 година во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и освои 1 пратенички мандат.

На претседателските избори во 2024 година, учествувала со свој кандидат Стевчо Јакимовски, кој освоиле 8.121 гласа, односно 0.91% од гласовите, во коалиција со Интегра и ПЦЕР.

На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција "Храбро за Македонија" со Интегра и ПЦЕР, на кој освоиле 4522 гласови, односно 0.46% од гласовите и не освоиле пратенички мандат.

Наводи

Надворешни врски Официјален портал на партијата

Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија Категорија:Центристички партии