Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) — македонска политичка партија. Основач на партијата е поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски.

Историја Партијата своите почетоци ги забележува како граѓанска организација која што на 1 март 2014 година, преку собирање потписи на 1200 поддржувачи е одлучено да стане партија.Алијансата за позитивна Македонија се трансформира во партија, OhridNews.com, 01.03.2014

Учество на избори Прво учество на партијата е на парламентартните избори во 2014 година, каде што ја предводи коалицијата „Коалиција за позитивна Македонија“ заедно со Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ). На овие избори Коалицијата за позитивна Македонија освоила 10.566 гласови или 0,94% и не успеала да освои пратеничко место.

На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Наводи

Надворешни врски Официјален портал на партијата

Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија