Суфиски приказни - збирка суфиски приказни, објавена во 2017 година од страна на издавачката куќа „Темплум“, а во превод на Никола Гелевски и Александра Бубевска.
Технички податоци
Книгата е објавена како 119. книга од библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 101 страница. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-4658-65-8. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Кома“, лектурата ја извршил Бобан Карапејовски, а книгата е испечатена во печатницата „Пропоинт“, во тираж од 300 примероци. На предната корица е ставен портрет на суфи од раниот 17 век. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017.
Содржина Збирката содржи 80 приказни, а на крајот од книгата е ставен список со избрана литература за суфизмот:Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017. Опит За божјата суштина Скапоцениот камен Безвредна молитва Стомната за вода Вредноста на царствата Алчноста, услужливоста и невозможното Махмуд и дервишот Одговорот на старицата Чистач на нужници Чевли Три вистини Кучето и дервишите Приказната за Фази Раби Јадењето и восхитувањето Расипаниот човек и дервишот Секој со своето Исправка Цветот и каменот Оние што знаат Зошто го направив тоа? Направи повеќе отколку само да му се смееш на будалиот Мојсеј и пастирот Сè во свое време Стариот ковчег на Нури бег Награда Глава од магаре Градинар Зарем постои поголем? Вистинскиот верник Конак Пари Штедливиот ученик Учителот и песот Богохулник Знаци Одговорот на калифот Судбина Апсурд Врата Вистина Претпоставки Калифот Ал-Мансур и поетот Суфито кој себе се нарекувал џукела Загубениот клуч Идиот во голем град Исусовиот одговор Омер и винопиецот Погрешен правец Глувиот Учење Крадецот и ќебето Барбари и имитаторот Нахас Имамот Бакир Мов Халаби Абуд од Обдурман Речиси јаболко Чувство Книга на мудроста Цената на симболот Сиапош Прашање Халкави Рабија Ал-Адавија Тројцата од Туркестан Можности Три толкувања Вистинската добрина Караван Тешко Ардабили Кокошарник Бахаудин Авицена и Абу Саид Гледање
Осврт кон книгата Најголем дел од приказните во книгата се преземени од книгите на Идриз Шах. Набљудувано жанровски, суфиските раскази се движат низ широка територија, т.е. вклучуваат: басни, случки, биографии, шеги, анегдоти итн. Низ вековите, тие служеле за пренесување на суфиската мудрост, а често го афирмирале ведриот бунтовнички дух кој мудроста ја смета за преиспитување на строгите норми.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017.
Наводи
Категорија:Суфизам Категорија:Исламска книжевност Категорија: Изданија на Темплум