Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ) () — политичка партија на Турците во Република Македонија. Претседател на партијата е Ердоган Сарач.

Учество на избори Партијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2006 година, освојувајќи околу 600 гласови.Извештај од спроведени парламентарни избори во 2006 година, Државна изборна комисија на Македонија, 25.07.2006 Партијата повторно учествувала самостојно на следните парламентарни избори во 2008 кога забележала пораст од околу 3.000 гласови, односно, освоила околу 3.700 гласови.Извештај од спроведени парламентарни избори во 2008 година, Државна изборна комисија на Македонија, 03.07.2008 На парламентарните избори во 2011 партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратенички мандат.Движење за национално единство на Турците во Македонија, пратенички состав 2011-2014, официјален портал на Собранието на Република Македонија Партијата не учествувала на парламентарните избори во 2014. На парламентарните избори во 2016 се приклучила во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но не освоила пратенички мандат. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но не освоила пратенички мандат.

Наводи

Категорија:Политички партии во Македонија