Демократска унија на Албанците () — политичка партија на македонските Албанци во Република Македонија. Партијата била основана во јуни 2007 од страна на Бардуљ Махмути.

Учество на избори Партијата учествувала самостојно за првпат на парламентарните избори во 2008 година на кои освоила 6.484 гласови (0,6%)Збирни резултати од гласањето на 1, 15 и 29 јуни 2008 година на ниво на ДРЖАВА, Државна изборна комисија на Македонија, 29,06.2008, а на следните избори забележала пад од околу 1.900 гласови, односно освоила 4.517 гласови (0,4%). На двата парламентарни изборни циклуси партијата не успеала да освои пратеничко место.

Наводи

Надворешни врски Платформата на партијата, 21.03.2011, mojotizbor.mk

Категорија:Политички партии во Македонија