Партија на Југословените во Република Македонија (ПЈРМ) — поранешна македонска политичка партија.

Историја Регистрирана во мај 1990 како Партија на Југословените, главната политика на партијата било зачувувањето на Југославија. Партијата учествувала самостојно на парламентарните избори во 1990 г., каде што во првиот круг освоила 1,6% од гласовите, односно 1,7% во вториот круг. На овие избори партијата освоила две пратенички местаNohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, стр. 1282 (Ристо Келешов во Куманово и Ристо Стаменов во Струмица)

Партијата подоцна била преименувана во Југословенска унионистичка граѓанската алијанса (ЈУГА), и по распадот на Југославија и независноста на Македонија, партијата учествувала во наредните избори од 1994 г. но не освила ниедно пратеничко место.Nohlen & Stöver, стр. 1281

Наводи

Надворешни врски Пратеници на ПЈРМ, официјален портал на Собранието на Република Македонија

Категорија:Поранешни политички партии во Македонија Категорија:Политички партии во Југославија Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија Категорија:Југословени Категорија:Левичарски партии