Арсен Диклиќ (Старо Село, 14 ноември 1922 — Белград, 4 јули 1995) бил српски писател, филмски и телевизиски сценарист. Со своето книжевно творештво се вбројува во редот на најзначајните српски писатели за деца и млади.
Животопис
Арсен Диклиќ е роден на 14 ноември 1922 година во Старо Село, крај Оточца, во Лика. Татко му Раде и мајка му Марија се занимавале со земјоделство. Арсен основно (до 1933 година) и нижи класови гимназија завршил во Оточца, а виши класови гимназија во Оточца, Бихаќ, Госпиќ, Осијек и Сараево. Матурирал во Сараево 1941 година. Историја на уметност студирал во Белград. Во НОБ учествувал од 1943 година. Во 1945 година станал член на Сремскиот комитет на КПЈ во Јаши Томиќ. Од тогаш сè повеќе се вклучувал во културна дејност станалу познат писател и сценарист. Од 1946 година го уредувал списаниеро за деца Пионер (Пионир), бил новинар во листови за деца, уредник на детските страници во Борба. Еден од покренувачите и уредници на детскиот лист Змеј (Змај) (од 1954 година). Со книжевна работа професионално се занимава од 1953 година. Починал во Белград на 4 јули 1995 година.
Творештво
Диклиќ пишувал песни, раскази и романе за деца. Најпознати дела му се „Салаш у Малом Риту“ (роман во три дела), „Не свртувај се, сине“(„Не окрећи се, сине“) (роман), „Сина ајкула“(„Плава ајкула“) (роман), и песни „Син кит“(„Плави кит“), „Чичко со брада“(„Чика с брадом“), „Село крај Тамиш“(„Село крај Тамиша“), „Дунавски балади“(„Дунавске баладе“) и други.
Во романите Диклиќ ги опишува случувањата за време на Втората светска војна. Во соработка со Бранко Бауер, написашал филмско сценарио за истоимениот филм „Не свртувај се, сине“. Филмот добил ”Златна арена за режија“(”Златну арену за режију“) на фестивалот во Пула 1956 година.
Делата му се одликуваат со вешто градени заплети, успешни карактеризации на ликови, емотивност и непосреден однос спрема природата.
Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Починати во Белград Категорија:Српски романописци Категорија:Српски филмски режисери Категорија:Српски поети Категорија:Српски сценаристи Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски писатели