Здружението за општествени истражувања и комуникации (босански: Udruženje za društvena istraživanja i komunikacije, српски: Удружење за друштвена истраживања и комуникације), скратено УДИК, е регионална невладина организација со седиште во Сараево. Целта е да се соберат факти,документи и податоци за геноцид, воени злосторства, и прекршување на човекови права во Босна и Херцеговина и поранешна Југославија. Основач и координатор на УДИК е Едвин Канка Ќудиќ.

Историја

Здружението за општествени истражувања и комуникации (УДИК) е формирана во 2013 од Едвин Канка Ќудиќ. Целта е да се соберат факти, документи и податоци за геноцид, воени злосторства, и прекршување на човекови права во Босна и Херцеговниа.

Од 2013, УДИК има организирано голем број на комеморации на жртвите од минатата војна во поранешна Југославија.

Церемонии беа организирани во Босна и Херцеговина (Сараево, Тузла, Брчко, Зеница, Вишеград, Фоча),Хрватска (Загреб,Вуковар) и Србија (Белград,Пријепоље).

Во 2015, УДИК почна со мапирање на монументи од минатите војни во Југославија со цел да се создаде Централен Регистар на Монументи. Поради постојаното потсетување на јавноста во Босна и Херцеговина за соочување со минатото, активистите на УДИК беа повеќепати напаѓани од Сараевските хулигани.

Од 2016,организацијата е посебно концентрирана на објавување анализи од пресуди за воените злосторства во Босна и Херцеговина.

Координатори на УДИК # СликаИме(Роден-Починал)Мандатот 1 Едвин Канка Ќудиќ<small>(1988–) 30 October 2013 Сегашен

Извори

Надворешни врски

Organisation Data TACSO Organisation Data Insight on Conflict Organisation Data Ana Lindh Foundation Organisation Data Transconflict

Категорија:Босна и Херцеговина