Тур де Франс 2017 (познато и како: Трка околу Франција 2017) — 104. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 1 и 23 јули како дваесетипетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Започнала со поединечен хронометар во Диселдорф на 1 јули, а завршила на Шанзелизе во Париз на 23 јули 2017 година. Вкупно 198 возачи од 22 екипи ќе настапат на трката. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од , негова четврта победа. Ригоберто Уран () и Ромен Барде () завршиле втор и трет, соодветно.

Герајнт Томас () ја освоил воведната етапа и станал првиот возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Фрум, кој бил најдобар на воведниот етапа од фаворитите пред трката, го презел водството на завршницата на петтата етапа. Го држел водството додека не било преземено од Фабио Ару () на крајот на дванаесеттата етапа, каде Фрум изгубил време на стрмната завршница. Фрум ја презел жолтата маичка повторно на четиринаесеттата етапа и ја чувал до крајот на трката.

Бодовниот пласман бил освоен од Мајкл Метјус од , со колегата Варан Баргиј, победник на две планински етапи, освојувајќи го планинскиот пласман, како и наградата за најборбен возач. Возачот на , Сајмон Јејтс, на седмото место во генералниот пласман, го освоил пласманот за млад возач. Екипниот пласман бил освоен од .

Екипи

мини|Плоштадот Бург во Диселдорф како место за претставување на екипите на 29 јуни.

Изданието во 2017 година на Тур де Франс се состоело од 22 екипи. Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири професионални континентални екипи биле дополнително поканети, чии покани биле објавени на 26 јануари 2017 година и со тоа главната група била составена од 22 екипи. Од овие екипи, , првпат ќе настапи на трката. биле првично поканети на трката како , пред промената на спонзорот пред воведниот ден на трката. Претставувањето на екипите – претставување на членовите од секоја екипа пред медиумите и локалните власти – се случило пред 15.000 публика на плоштадот Бург во Диселдорф, на два дена пред воведната етапа во градот, на 29 јуни.

Секоја екипа можела да настапи со по девет возачи, што предизвикало на почетокот да има вкупно 198 возачи. OОд нив, 49 возеле на Тур де Франс по првпат. Возачите биле од 32 различни земји; Франција, Шпанија, Холандија, Италија, Белгија и Германија имале 13 или повеќе на трката. Просечната возраст на возачите на трката била 29,39 години, тргнувајќи од 22-годишниот Ели Жесбер () до 40-годишниот Ајмар Зубелдија (). го имале најмалиот просек, додека најголемиот.

Фаворити пред трката

мини|upright|Трикратниот победник Крис Фрум од екипата (фотографиран на Тур 2016) бил водечки фаворит пред трката за генералниот пласман.

Пред почетокот на Тур де Франс 2017, Крис Фрум () бил сметан од многумина за главен фаворит пред трката за генералниот пласман. Негови најголеми соперници се претпоставувало да бидат Ричи Порт (), Наиро Кинтана (), Алберто Контадор (), Ромен Барде () и Фабио Ару (). Други возачи сметани за кандидати за генералниот пласман биле Алехандро Валверде (), Јакоб Фуглсанг (), Тибо Пино (), Естебан Чавес (), Герајнт Томас (), Даниел Мартин (), Сајмон Јејтс () и Луис Мејнчес ().

Фрум, кој ги освоил изданијата во 2013, 2015 и 2016 година на Тур, не освоил ниедна трка во сезоната 2017 пред почетокот на Тур. Негов најдобар резултат било четвртото место на Критериум ди Дофине, трка сметана како подготовка за Тур и трка која ја освоил пред останатите три победи на Тур. И покрај ова, било сметано дека ја имал една од најсилните екипи на трката која ќе вози со целосна поддршка за него. 32-годишниот Порт, кој завршил петти на Тур 2016, го освоил генералниот пласман на две етапни трки во 2017 година, Тур Даун Андер и Тур де Романди и завршил втор на Дофине. Кинтана, трет на Тур 2016, завршил втор на Џиро д’Италија, освојувајќи ги Тирено-Адријатико и Волта а ла Комунитат Валенсијана претходно во сезоната. Двократниот победник (2007 и 2009), 34-годишниот Контадор завршил втор на четири етапни трки во 2017 година пред Тур, Париз-Ница, Вуелта а Андалусија, Волта а Каталуња и Трка околу Баскија. Барде завршил шести во генералниот пласман на Дофине, а негов најдобар пласман во сезоната било шестото место на класичната трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Ару го започнал Тур со поделено водство со победникот од Дофине, Фуглсанг. Ару го освоил националното друмско првенство една недела претходно и завршил петти на Дофине.

Спринтерите сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите етапи со масовни завршници биле Петер Саган (), Марсел Кител (), Марк Кевендиш (), Андре Грајпел (), Александер Кристоф (). Други спринтери сметани за фаворити биле Мајкл Метјус (), Арно Демар (), Дилан Груневеген (), Џон Дегенколб (), Сони Колбрели () и Насер Бухани (). Двократниот моментален светски првак Саган ги освоил петте претходни бодовни пласмани на Тур, една помалку од израмнувачкиот рекорд на шест на Ерик Цабел од 1996 до 2001 година. Неговата форма во сезоната 2017 пред Тур ја вклучувала побдата на еднодневната трка Курне-Брисел-Курне и бодовните пласмани на Тирено-Адријатико, Тур де Свис и Трката околу Калифорнија. Кител освоил осум победи во 2017 година, како и генералниот и бодовниот пласман на Трката Дубаи на почетокот на сезоната. Сезоната на Кевендиш пред Тур била попречена од болест, пропуштајќи три месеци; негов единствен успех била етапната победа и бодовниот пласман на Трката Абу Даби. Грајпел освоил четири победи во 2017 година пред Тур, вклучувајќи една на Џиро. Кристоф освоил шест победи во 2017 и бодовните пласмани на Трката околу Оман, Етоал де Бесеж и Три дена Де Пане.

Рута и етапи

мини|Германскиот град Диселдорф бил домаќин на „големото тргнување“ (Grand Départ) на трката

Почетокот на Тур де Франс 2017 (познато како „големо тргнување“) било првично предвидено да биде во Лондон; тоа би било третпат Тур да го посети Лондон, по 2007 и 2014 година. Во септември 2015 година, една недела пред да биде објавено, градот се повлекол од кандидатурата. Подоцна, било откриено дека ова било одлука на градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, заснована на трошоците: организирањето на „големото тргнување“ би чинело 35 милиони фунти.

Во декември 2015 година, организаторот на трката објавил дека домаќин на почетокот ќе биде Диселдорф, Германија; ова ќе биде четврти пат Тур да започне во Германија и првпат од 1987 година. Кандидатурата за домаќин на Тур била тесно усвоено од градскиот совет. Враќањето во Германија следело по оживувањето на германскиот велосипедизам, при што возачите бележеле успеси, како Тони Мартин, Марсел Кител, Андре Грајпел и Џон Дегенколб. На 14 јануари 2016 година биле објавени деталите за воведните две етапи. Првата етапа ќе била поединечен хронометар во должина од 13 километри. Втората етапа, исто така, започнувала во Диселдорф, при што ќе се искачат на Графенберг по само 6 километри, повторно ќе се упатат кон градот и ќе продолжат кон Лиеж, Белгија.

Преглед на трката

Пласмани

Постоеле четири главни поединечни пласмани на Тур де Франс 2017, како и екипниот пласман. Најважен бил генералниот пласман, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот на овој пласман се смета за победник на Тур. На сите етапни завршници, исклучувајќи ги двете хронометарски етапи, првите тројца возачи добивале бонуси од 10, 6 и 4 секунди, соодветно. Ако се случи пад во последните три километри од етапа; ова не ги вклучувало хронометрите и завршниците на нагорнина, вклучените возачи добивале исто време како групата со која биле кога се случил падот.

+ Бодови за бодовниот пласман за најдобрите 15 места по вид Вид 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 20п рамна етапа 50 30 20 18 16 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 20п среднопланинска етапа 30 25 22 19 17 15 13 11 9 20px|alt=|link= планинска етапа 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1 20п поединечен хронометар 20п среден спринт

Предводникот на бодовниот пласман ја добивал зелената маичка. Возачите добивале бодови за завршување помеѓу најдобрите на етапата или на средните спринтови во текот на етапите. Бодовниот систем бил исто така променет. Етапна победа вредела 50 бода наместо 45, второто место носело 30 наместо 35, а третото 20 наместо 30. Правилото за спринтерски бодови тежнеело да ја направи етапната победа повредна. Бодовите достапни на секоја етапна завршница биле одредувани од видот на етапата.

Немало промени во планинскиот пласман, каде бодовите биле доделувани на возачите кои први се искачиле на врвот на најтешките искачувања. Искачувањата биле категоризирани како екстра категорија (hors catégorie), прва, втора, трета или четврта категорија, со повеќе бодови достапни на повисоко категоризираните искачувања. Удвоени бодови биле доделувани на завршниците на нагорнини на етапите 9, 12, 17 и 19. Предводникот на пласманот ја носел точкестата маичка.

Пласманот за млад возач, означен со бела маичка, бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но пласманот бил ограничен на возачи кои биле родени на или по 1 јануари 1992 година. Екипниот пласман бил пресметувани користејќи ги завршните времиња на тројцата најдобри возачи од екипа по секоја етапа (не на екипниот хронометар); водечката екипа биал екипата со најмало вкупно време. Бројот на етапни победи и пласмани по екипа го одредувале исходот во случај на изедначување. Возачите во екипата која водела во овој пласман биле означувани со жолти броеви на грбот на нивните маички и жолти кациги. Дополнително, постоела награда за борбеност, доделувана по секоја етапа, сметано од страна на жири, дека направил „најголем напор и покажал најдобри квалитети за спортски дух“. Немало награди за борбеност на хронометрите и на завршната етапа. Победникот носел црвен број на следната етапа.

+Водство во пласманите по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п Награда за борбеност25п 1 Герајнт Томас Герајнт Томас Герајнт Томас недоделена Штефан Кинг недоделена 2 Марсел Кител Марсел Кител Тејлор Фини Јоан Офредо 3 Петер Саган Нејтан Браун Пјер Латур Лилијан Калмежан 4Арно ДемарАрно Демар Гијом ван Кејрсбулк 5 Фабио Ару Крис Фрум Фабио Ару Сајмон Јејтс Филип Жилбер 6 Марсел Кител Вегард Стаке Ленген 7 Марсел Кител Марсел Кител Дилан ван Барле 8Лилијан КалмежанЛилијан КалмежанЛилијан Калмежан 9Ригоберто УранВаран БаргијВаран Баргиј 10 Марсел Кител Ели Жесбер 11 Марсел Кител Маќеј Боднар 12 Ромен Барде Фабио Ару Стив Камингс 13 Варан Баргиј Алберто Контадор 14 Мајкл Метјус Крис Фрум Томас де Гент 15Бауке Молема Бауке Молема 16Мајкл МетјусСилвен Шаванел 17Примож Роглич Мајкл МетјусАлберто Контадор 18Варан БаргијДарвин Атапума 19Едвалд Боасон ХагенЈенс Кекелејре 20 Маќеј Боднарнедоделена 21 Дилан Груневеген На крај Крис Фрум Мајкл Метјус Сајмон Јејтс

Белешки

Поредок

Легенда   20п   Го означува предводникот во генералниот пласман   20п   Го означува предводникот во бодовниот пласман   20п   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20п   Го означува предводникот во пласманот за млад возач   20п   Го означува предводникот во екипниот пласман 20px|link=Combativity award in the Tour de France|alt=A white jersey with a red number bib. Го означува предводникот на наградата за најборбен возач

Генерален пласман

Бодовен пласман

+Завршен бодовен пласман Место Возач Екипа Бодови 1 20п 370 2 234 3 220 4 174 5 168 6 149 7 144 8 20п 20п 133 9 106 10 106

Планински пласман

+ Завршен планински пласман Место Возач Екипа Бодови 1 20п 169 2 80 3 64 4 55 5 20п 20п 51 6 47 7 20п 45 8 37 9 36 10 32

Пласман за млад возач