Свети Пантелејмон — главна селска црква во гевгелиското село Ума. Црквата се наоѓа на самото сретсело, при што доминира во селото.
Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта на селото.
Местоположба
Црквата се наоѓа во селото Ума, сместено на падините на планината Кожуф, во југозападниот дел на Општина Гевгелија.
Историја
Црквата е изградена во век.
Градба
На градбата на црквата се појавиле оштетувања на кровот, со што настанале оштетувања на фреските, иконите и самата внатрешност на црквата. Мештаните пред дваесетина години успеале да го обноват кровот и тремот, како и да ја обноват камбанаријата.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата располага со богат фрескоживопис.
Фрескоживописот исто така потекнува од периодот на изградба на црквата во век.
Икони и иконостас
Црквата поседува иконостас, кој е надополнет со иконите на црквата, кои денес повторно се наоѓаат во нејзе, откако се вратени од Штипскиот музеј, каде биле однесени, откако селото било целосно раселено.
Галерија
Надворешноста на црквата
Внатрешноста на црквата
Поврзано Ума Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Втора гевгелиска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ума Ума