Свети Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Негорци. Воедно, црквата претставува парохиски храм на Негорската парохија на МПЦ-ОА.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело.

Историја

мини|300п|лево|Црквата во 1931 година

Црквата е изградена во XIX век од непознат градител, но целосно била обновена во 1996 година, така што денес објектот изгледа како новоизграден.„Цркви во Негорската парохија“. Повардарска епархија.

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови, распоредени во два реда со по четири столба во јужниот и западниот дел на наосот. Средишниот, главниот кораб на таванот е украсен со квадратни полиња, а насликана е и фреска со ликот на Исус Христос Седржител. Кон западната страна на црквата е доградена припрата која е одвоена од наосот, додека на источната страна црквата завршува со полукружна олтарна апсида со декоративни ниши. Во припратата се сместени неколку значајни икони, а сочувано е и крило од царските двери кои потекнуваат од XIX век. Внатрешноста на црквата е живописана од непознат зограф.

Дворот на црквата е со голема површина и е ограден. Во него е сместена камбанаријата, како и помошен објект во изградба. Камбанаријата се наоѓа во југозападниот дел од црквата и е прилепена до западната страна од храмот. Таа има осумаголна основа, при што јужната, северната, западната и источната страна се со значително поголема површина. На секоја од нив има по три вертикално поставени монофори.

Галерија

Поврзано Негорци Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Негорска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Негорци Негорци