300px|мини|Поглед кон евангелистичката црква на Конго, Бразавил
Религијата во Република Конго има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во Република Конго е христијанството со околу 85,9% од населението на земјата. Од христијанските деноминации, 51,4% се Протестанти, 33% се Римокатолици, и 19,9% се други протестанти.
Муслиманите се 1,6% од вкупниот број на население и главно исламот е присутен поради приливот на странски работници во урбаните центри. Повеќето муслимански работници во урбаните центри се имигранти од Западна Африка и од Либан, а некои, исто така, и од Северна Африка. Западноафриканските имигранти пристигнале во најголем дел од Мали, Бенин, Того, Мавританија и Сенегал. Муслиманите во најголем дел се сунити, додека во земјата живеат и околу 6.000 следбеници на Ахмадија.
Мал број на христијани го поддржуваат Кимбангизмот,синкретистичко движење кое потекнува од соседна Демократска Република Конго. Задржувајќи многу елементи на христијанството, Кимбангизмот исто така го признава нејзиниот основач како пророк и вклучува африкански традиционални верувања, како обожавање на предците.
Наводи