мини|десно|Фигурината Адам од Македонија Адам од Македонија или Адам од Говрлево — назив на мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба, откриена во 2000 г. на археолошкото ископување на неолитското наоѓалиште Церје кај скопското село Говрлево. Со истражувањата раководел археологот Милош Билбија од Музејот на Град Скопје, кој го пронашол овој артефакт на последниот ден од октомвриските теренски истражувања, на границата помеѓу културните слоеви кои припаѓаат на неолитот и бакарното време.
Фигурината која датира од средината на VI милениум п.н.е. претставува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Веднаш по самото пронаоѓање го доби епитетот „милениумско откритие“. На почетокот од страна на М. Билбија беше именуван како „Адам од Говрлево“, но за потребите на правење бренд, беше преименуван во „Адам од Македонија“М. Билбија, Адам од Македонија, Бизнис Каталог - 2006, Агенција за маркетинг и издавачка дејност - Марили, 2006, 20-23.
Адам има необична уметничка обработка. Тоа е еден нецелосно сочуван обид за претстава на маж фатен во момент на физичка или духовна активност. Ова машко тело поставено во седната позиција има нагласена анатомија, длабоко вовлечен стомак, истакнат папок, добро дефинирани мускули, видлив ‘рбет, па дури и скршен фалус.
Ова ремек-дело е со експилицитно реалистична уметничка форма, на пошироката публика за првпат и било претставено на 30 септември 2006 г., во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“.
Во моментот наодот може да се погледне во поставката на Музеј на Град Скопје.
Поврзано Церје (Говрлево) Неолитот во Македонија
Наводи
Надворешни врски Адам од Македонија
Категорија:Археолошки наоди од Македонија Категорија:Праисторија на Македонија Категорија:Говрлево Категорија:Македонија во младото камено време