„Тајната книга“ — македонски филм во холандско-француска заедничка продукција во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Тјери Фремон, Жан-Клод Кариер, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска се јавуваат во главните улоги. Снимањето на филмот започнало во 2002 година, а претпремиерата ја има четири години подоцна.

Содржина

Приказната за филмот е заснована врз потрагата по „Тајната книга“, книга напишана на глаголско писмо. „Тајната книга“ се претпоставува дека ги содржи основите на богомилското верување, познато исто така и како катарство. Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северозапад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (познати како катари) ја создаваат својата нова татковина.

Локации на снимањето Снимањето на филмот минува низ три етапи, на различни локации, во согласност со барањата на приказната:

Регионот на Битола, Демир Хисар и Преспанско Езеро - Македонија Балчик - Бугарија Париз и Каркасон - Франција

Улоги Глумци кои дале нивен особен печат на овој филм кој бил подготвен и снимен од страна на широка меѓународна екипа.

Жан-Клод Кариер - Пјер Рејмон Тјери Фремон - Шевалје Владо Јовановски - Бигорски Лабина Митевска - Лидија Ѓорѓи Јолевски - Непознатиот Мето Јовановски - Отец Андреј Кирил Ристоски - Легионерот Владимир Светиев - Американецот Ристо Стефановски - Дедото Петар Мирчевски - Гулабарот Александар Чамински - Таксистот Петар Темелковски - Старецот Јоана Поповска - Хотелиерката Димитар Зози - Чуварот Арна Шијак - Сребренокосата Владимир Талески - Пијанистот Андон Јовановски - Сопственикот Лилјана Велјанова - Французинката Трајче Иваноски - Прв гостин Најдо Тодески - Втор гостин Илија Плевнеш - Момчето Елена Трајковска - Пејачката Јохана Николова - Девојчето Мими Таневска - Мајката Дамјан Цветановски - Бигорски

Поврзано Историја на филмот во Македонија

Белешки

Надворешни врски Тајната книга - Службено мрежно место

Кан, Катарството и заверата - рецензија на Фијакра Гибонс за Гвардијан.

Категорија:Македонски филмови од 2000-тите Категорија:Филмови од 2006 година Категорија:Македонски дела од 2006 година Категорија:Француски филмови Категорија:Холандски филмови Категорија:Појавено во 2006 година во Македонија Категорија:Појавено во 2006 година во Франција Категорија:Појавено во 2006 година во Холандија Категорија:Филмови снимени во Македонија Категорија:Филмови снимени во Бугарија Категорија:Филмови снимени во Франција