Адам Пити, РБИ (роден на 28 декември 1994 г.) — британски пливач кој е специјализиран за трки во граден стил. Тој пливал за Обединетото Кралство на Летни олимписки игри, светски и европски првенства, како и Англија на Игрите на Комонвелтот. Тој освоил златен медал на Летните олимписки игри 2016 во дисциплината 100 метри градно. Пити е моментален светски рекордер во дисциплините 50 и 100 метри градно.

Пити е моментален олимписки, светски и европски шампион во дисциплината 100 метри градно, како и светски и европски шампион во дисциплината 50 метри градно. Тој е првиот пливач во историјата кој победил во двете дисциплини во граден стил на едно светско првенство, и најуспешен британски пливач на едно светско првенство. Пити, Дејвид Вилки и Ребека Адлингтон се единствените британски пливачи кои освоиле златни медали на сите четири големи натпреварувања (олимписки игри, светски и европски првенства и Игри на Комонвелтот). Пити е единствениот пливач кој бил сопственик на сите четири златни медали во исто време во иста дисициплина, подвиг кој го комплетирал освојувајќи го златниот медал на 100 метри градно на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.

Наводи

Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски пливачи Категорија:Членови на Редот на Британската Империја