мини|Микрографија со големо зголемување на хипертрофична децидуална васкулопатија, како што се гледа во хипертензија индуцирана од бременост. Прееклампсијата е сериозна компликација на бременоста која се манифестира со хипертензија и протеинурија кај претходно нормотензивни бремени жени без протеинурија. Состојбата се јавува после 20-та недела од бременоста.
Жените кај кои е дијагностицирана прееклампсија може да се жалат и на замаглен вид, главоболки, отоци по телото и значајно добивање во тежина. Околу 5-7% од бременостите се комплицираат со прееклампсија. Прееклампсијата е водечка причина за морбидитет и морталитет кај мајката и плодот.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бременост Категорија:Итни медицински состојби Категорија:Ретки болести