„Пресуда“ — македонски филм од 1977 година. Го режирал Трајче Попов, а сценариото го напишал Јово Камберски.
Кратка содржина При еден судир со непријателот, во однапред изгубена битка и ризик да се умре залудно, партизанот Митко Ангелов бега од бојното поле. Се качува на воз и оди да ја види мајка си која штотуку се вратила од интернација. Кога се вратил во бригадата, Митко бил прогласен за дезертер, бил разоружен и врзан. Немајќи оружје, со други партизани, оди во патрола и акција за преземање оружје од Германците. При акцијата загинуваат сите партизани освен Митко и Ване кој е сериозно ранет. Митко мисли дека и Ване е загинат и се враќа во бригадата. Командантот не му поверувал и тој е затворен. Во меѓувреме ранетиот борец Ване доаѓа во бригадата и ја раскажува приказната за херојската борба предводена од Митко. Истовремено, воениот суд го осудува Митко на смрт заради дезертерство.
Улоги Глумец УлогаЖарко Радиќ Митко Ангелов Петре Арсовски Комесарот КорабБлагоја Чоревски Командантот ДонскиДраги Костовски Аспарух СавовЃокица Лукаревски Ване Мето Јовановски ЃорчеИлија Милчин Германец Јанез Врховец Јорданчо Чевревски Ненад Стојановски Ненад Милосављевиќ Ванчо Петрушевски Георги Дампе Бисерков Владан Живковиќ Кирил Псалтиров Благоја Спиркоски Џумерко Борис Чоревски Останати улоги ▼ Глумец УлогаДрагомир Фелба Славица Зафировска Ристо Мајсторов Димитар Зози Младен Крстевски Мирче Доневски Благоја Анчевски Кирил Ристоски Јован Трпевски Киро Попов Анастас Миша Душко Ѓорѓиоски Бранко Атанасовски Ѓорѓи Устапетров
Надворешни врски
Кинотека на Македонија
Категорија:Македонски филмови за периодот од Втората светска војна Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Филмови на Трајче Попов Категорија:Филмови со Ванчо Петрушевски Категорија:Филмови со Кирил Псалтиров Категорија:Филмови со Петар Арсовски Категорија:Филмови со Ѓокица Лукаревски Категорија:Филмови со Борис Чоревски Категорија:Филмови со Мето Јовановски Категорија:Филмови со Младен Крстевски Категорија:Филмови со Благоја Чоревски