мини|десно|Фрагмент од Стојковиот празничен минеј мини|десно|Фрагмент од Прилепскиот Никифоров минеј
Минеј („месечник“) — богослужбена книга во која се содржат текстовите на молитвословија од празниците на неподвижниот годишен богослужбен круг. Постојат месечен, празничен и општ минеј.
Видови минеи Месечен минеј Месечниот минеј ги содржи службите од светителите/празниците во еден од дванаесетте месеци.
Општ минеј Општиот минеј ги содржи службите посветени на определен тип на светител (на пр. на маченик, на преподобен, на апостол...) и определува кога се извршува богослужбата во спомен на светиот за кого не е напишана одделна служба.
Празничен минеј Празничниот минеј ги содржи службите на големите Господови празници и на уште неколку други.
Познати минеи Познати македонски минеи се: Стојков празничен минеј Прилепски Никифоров минеј
Наводи
Категорија:Православие Категорија:Богослужбени книги Категорија:Средновековна македонска книжевност Категорија:Православна богослужба