На 17 август 2017, се случил терористички напад со комбе кое влетало во толпа луѓе на улицата Лас Рамблас во Барселона, Шпанија. Нападот резултирал со 13 жртви и стотици повредени.
Полицијата соопшти дека се уапсени двајца мажи кои биле поврзани со нападот, додека уште еден маж бил убиен во престрелка со полицијата.
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот преку нивната новинска агенција. Во терористичкиот напад е повреден и еден Македонец кој е вон животна опасност. Повредениот бил во непосредна близина на нападот и се здобил со скршеница на зглобот на ногата.Еден повреден македонски државјанин во нападот во Барселона
Останати напади Ден пред и после експлозијата се случиле уште два напади кои полицијата ги поврза со нападот во Барселона на 17 август. Експлозија во Алканар
На 16 август, ден пред нападот во Барселона, експлозија уништила една куќа во Алканар и оштетила неколку други во соседството, убивајќи една жена и повредувајќи шест луѓе. Полицијата првично известила дека се работи за несреќа но потоа случајот го поврзале со нападот во Барселона. Маж од Мароко бил повреден во експлозијата и одвезен до болница, каде деновиве ќе биде испитан од страна на полицијата. Во куќата биле пронајдени дваесет канистри на бутан и пропан.
Напад во Камбрилс Утрината на 18 август во Камбрилс, автомобил влетал во толпа пешаци. Полицијата застрелала и убила четворица осомничени терористи, а петтиот подлегнал на повредите некое време подоцна. Терористите биле поврзани со нападот во Барселона. Некои од нив носеле лажни појаси со експлозиви. Еден цивил бил убиен а шестмина други биле повредени, вклучувајќи и турист од Куба и еден полициски службеник.
Жртви + Жртви по националност Државјанство Жртви Повредени 313 3непознато 23 12 10 026 05 04 04 03 03 03 02 02 02 0 1 01 01 01 01 01 01 01 0 1 0 1 0 1 0 1 непознато 6 20 вкупно 16 ~130
Вкупно 16 луѓе (13 во нападот на Лас Рамблас, 1 во Алканар, 1 во Камбрилс и 1 прободен до смрт од напаѓачите) се убиени и 100 повредени (15 со посериозни повреди) од 34 националности во трите терористички напади.
Наводи
Категорија:Исламска држава Категорија:Терористички напади во Европа Категорија:Терористички напади во Шпанија Категорија:Терористички напади