Пламени кули (, ) — група облакодери во Баку, Азербејџан и највисоко здание во градот со 190 м. Се состои од станови, хотел и деловни простории. Изградбата чинела околу 350 милиони долари, започнала во 2007, а завршила во 2012 г. Архитект на проектот е ателјето „Хелмут, Обата и Касбаум“, под раководство на работите во „ДИА Холдинг“, а како изведувач се јавиле „Хил интернешанал“.

Комплексот се состои од три кули: Јужна, Источна и Западна. Фасадите воедно имаат улога на џиновски приказници опремени со преку 10.000 силни расветни тела со светлечки диоди.

Во јуни 2014 г. во приземните простории на комплексот е отворен автосалон на „Ламборгини“.

Осветлување Кулите обично се осветлени со посебен приказ на пламени видливи и од најдалечните делови на градот.Flame Towers on Youtube Сета инсталација на кулите се управува од графички сметачки погон. Воедно, во пригодни прилики на фасадата се прикажуваат и други анимации и графика, како на пр. по повод Евровизија 2012.

Признанија Пламениот приказ на зградите е прогласен за најдобро фасадно осветлување од влијателниот портал SkyscraperCity.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Пламени кули во Баку — SkyscraperCity Пламени кули — Emporis

Категорија:Згради и градби во Баку Категорија:Знаменитости во Баку Категорија:Облакодери во Азербејџан