мини|Куќата Дандас во Единбург, изградена во 1774 година, купена од Кралската банка на Шкотска во 1821 година и сè уште е нејзино регистрирано седиште Кралска банка на Шкотска (англиски: Royal Bank of Scotland, RBS) е британска банка, членка на „Royal Bank of Scotland Group“, заедно со „NatWest“ и „Ulster Bank“. Седиштето на банката е во Единбург, Шкотска, но таа има мрежа од околу 700 филијали, главно во Шкотска, иако постојат експозитури во многу поголеми градови низ Англија и Велс. Исто така, банката дејствува во Лондон, Амстердам, Франкфурт, Сингапур, Хонгконг, Обединетите Арапски Емирати итн.Royal Bank of Scotland, официјално мрежно место (пристапено на 25.9.2016)
Историја „Royal Bank of Scotland“ е основана во Единбург во 1727 година, но таа настанала преку процес на спојување и преземање на стотици банки во минатото. Така, неколку од брендовите на „Royal Bank of Scotland“ се уште постари и се формирани од страна на златарите во Лондон, кои биле првите банкари во Велика Британија. Меѓу нив се: „Child and Co.“, најстарото активно име во британското банкарство, со потекло од 1640 година; „Coutts“, најпознатата приватна банка, основана во 1692 година; „Drummonds“, основана во 1712 година. Во 1727 година, кралот Џорџ I издал повелба за воспоставување на „Royal Bank of Scotland“. Во тоа време, Шкотска веќе имала една банка – „Bank of Scotland“, така што по создавањето на „Royal Bank of Scotland“ настапило големо соперништво меѓу нив. Во серија на финансиските престрелки, познати како „note wars“ секоја од нив се обидела да нанесе фатален удар на својот противник и да ја банкротира, но ниту една банка не успеала во тоа, така што двете банки го прифатиле присуството на конкуренцијата.
До 1783 година, „Royal Bank of Scotland“ тргувала само од Единбург, но истата година ја отворила својата прва филијала во Глазгов. Во рок од две децении, филијалата во Глазгов веќе била поразвиена отколку таа со седиште во Единбург. Во 1864 година, „Royal Bank of Scotland“ го направила своето прво преземање на друга банка, купувајќи ја „Dundee Banking Co.“ Една деценија подоцна, таа го направила својот прв чекор кон Лондон, со отворање на својата прва канцеларија во 1874 година. До 1890 година, „Royal Bank of Scotland“ имала 134 филијали низ Шкотска. Во 1939 година, таа ја купила познатата лондонска трговска банка „Glyn, Mills and Co.“ Во доцните 1950-ти и 1960-ти години банката вовела повеќе нови услуги: започнала да работи со личните заеми, а била воведена и раната форма на банкомати. Исто така, банката го формирала и своето прво странско претставништво (во Њујорк), отворено во 1960 година. Во 1969 година, „Royal Bank of Scotland“ се споила со „Националната комерцијална банка на Шкотска“, а во 1972 година таа станала првата британска клириншка банка. Во 1985 година, „Williams and Glyn’s Bank“, се споила со „Royal Bank of Scotland“, а истата година „Royal Bank of Scotland“ започнала директна линија во осигурувањето на моторните возила, која постигна голем успех во Велика Британија благодарение на рекламите со црвен телефон на тркала. Во почетокот на 1990-тите години корпоративната структура на „Royal Bank of Scotland“ била подложена на голема реорганизација. Во 1993 година, таа ја купила приватната банка „Adam and Company“ со седиште во Единбург; во 1994 година го лансирала телефонското банкарство, а во 1997 година банката го лансирала британскиот прв интернет банкарски систем. Во 2000 година, „Royal Bank of Scotland“ го објавила купувањето на National Westminster Bank“, во зделка вредна 21 милијарда фунти – во тоа време најголемото преземање во британската банкарска историја. Во 2007 година, „Royal Bank of Scotland“ била дел од конзорциумот со холандската банка „ABN AMRO“, но малку подоцна, банката била тешко погодена од Глобалната финансиска криза и како последица на тоа била национализирана во 2008 година.
Организација и менаџмент „RBS“ е управувана од страна на одбори и комисии. Одборот е главниот орган за донесувањето одлуки на банката и тој има целосна одговорност за водење и контрола на компанијата. „RBS“ дала поддршка на препораките на Извештајот на лордот Дејвис (Lord Davies’ Report) во поглед на застапеноста на жените во раководните тимови и ја исполнила целта од 25% застапеност на жените во раководните органи.
Основната цел на „Royal Bank of Scotland“ е едноставна – да им служи на клиентите. Во рамките на банката, вработените работат најдобро како еден тим, а преземените ризици се сфаќаат многу сериозно. Кодексот на однесување го пропишува однесувањето кое се очекува од вработените во нивната секојдневна работа. За да ја обезбеди водечката положба во Велика Британија и Ирска, „RBS“ значително го намалила износот на нефункционални кредити, а поставила цел до 2019 година 85% од средствата да бидат наменети за комерцијално банкарство.Royal Bank of Scotland, официјално мрежно место (пристапено на 25.9.2016)
Финансиски извештаи и показатели „РБС“ објавила загуба од 1.979 милиони фунти во 2015 година, што претставувало намалување во споредба со загубата од 3.470 милиони фунти во 2014 година. Притоа, активата пондерирана за ризикот се намалила за 32%, или 113 милијарди фунти. Оперативниот профит во 2015 година изнесувал 4.405 милиони фунти, во споредба со 6.056 милиони фунти во 2014 година. Другите позначајни финансиски показатели на банката во 2015 година изнесувале:Royal Bank of Scotland, официјално мрежно место (пристапено на 25.9.2016) 1.979 милиони фунти загуба на обични акции 4.405 милиони фунти оперативна добивка пред оданочување 2.703 милиони фунти загуба пред оданочување 15,5 % - стапка на акционерскиот капитал од нивото 1 89% - однос меѓу кредитите и депозитите 156 милијарди фунти – ликвидносно портфолио 5,6 % - стапка на левериџ 2,12% - нето-каматна маржа
Биланс на успехот на „Кралска банка на Шкотска“, 2011-2015 (во милиони фунти) Ставка 2011 2012 2013 2014 2015 Приходи 28.937 17.941 19.757 15.150 12.923 Добивка (загуба) пред оданочување (766) (5.277) (8.243) 2.643 (2.703) Добивка (загуба) за периодот (1.969) (5.890) (8.477) (2.711) (1.185)
Консолидиран биланс на добивката на „Кралска банка на Шкотска“, 31.12.2015 (во милиони фунти)www.investors.rbs.com (пристапено на 25.9.2016) Ставка 2015 2014 Средства Парични средства кај централни банки 79.404 74.872 Заеми и аванси дадени на банки 30.646 43.735 Заеми и аванси дадени на клиенти 333.892 378.238 Должнички хартии од вредност за репо-трансакции 20.224 23.048 Други должнички хартии од вредност 61.873 63.601 Должнички хартии од вредност 82.097 86.649 Акции 1.361 5.635 Салда за порамнување 4.116 4.667 Деривати 262.514 353.590 Нематеријални средства 6.537 7.781 Земјиште, згради и опрема 4.482 6.167 Одложени даноци 2.631 1.911 Аванси и активни временски разграничувања 4.242 5.763 Други средства 3.486 82.011 Вкупни средства 815.408 1.051.019 Обврски Депозити од банки 38.296 60.665 Сметки на клиенти 370.298 391.639 Издадени должнички хартии од вредност 31.150 50.280 Салда за порамнување 3.390 4.503 Куси позиции 20.809 23.029 Деривати 254.705 349.805 Резервазии и пасивни временски разграничувања 15.115 13.346 Обврски за пензии 3.789 4.318 Одложени даноци 882 500 Субординирани обврски 19.847 22.905 Други обврски 2.980 71.320 Вкупни обврски 761.261 992.310 Вкупен капитал 54.147 58.709 Вкупни обврски и капитал 815.408 1.051.019
Наводи
Категорија:Банки во Обединетото Кралство Категорија:Економија на Обединетото Кралство