Качамак, бакрдан, бакрданик или тури-борави — вид традиционално јадење што главно се прави од пченкарно брашно.Kačamak za dug život
Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, и Турција. Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, месо, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак.Kačamak i proja za zdravije telo
За да се заштеди на брашно, се додава компир, кој се вари до неговото распаѓање и се соединува со брашното во хомогена смеса.
Слични јадења како качамакот постојат и во другите краеви на Балканот, но под разни називи како: мамалига, жганци, пура, палента и полента. Во Италија и западните земји постојат слични јадења кои исто така се викаат palenta или polenta, додека на југот на САД се викаат grits.
Галерија
Поврзано Палента
Наводи
Категорија:Јадења Категорија:Италијанска кујна Категорија:Македонска кујна Категорија:Турцизми