Дејан Бодирога (роден на 2 март 1973 година) — поранешен српски кошаркар, кој играл на позицијата крило,Bodiroga: 2.05 m 110 кг , Ciao.es; accessed 21 October 2016, но исто така бил користен и како крилен центар и на бековските позиции.
Во својата кариера играл за екипите на Пролетер Зрењанин, Задар, Палаканестро Трст, Олимпија Милано, Реал Мадрид, Панатинаикос, Барселона и Виртус Рома. Се смета за икона на Евролигата во почетокот на 2000-тите, освојувајќи три титули во четири години во периодот 1999-2003 (две со Панатинаикос и една со Барселона) и на двапати бил избран за најкорисен играч на фајнал форот. Меѓу многуте почести, Бодирога бил избран и во 50 личности кои најмногу придонеле во Евролигата. Се смета за еден од најдобрите играчи кој никогаш не заиграл во НБА лигата.
Бодирога играл за три различни репрезентации во периодот од 1991-2005: Југославија (1991-1992), СР Југославија (1992-2003) и Србија и Црна Гора (2003-2005). Со репрезентацијата на СР Југославија Бодирога освоил сребро на Олимписките игри 1996, две Светски првенства (1998 и 2002) и 3 Европски првенства (1995, 1997 и 2001).
Двапати бил прогласен за најдобар спортист на СР Југославија во 1998 и 2002 година во избор на весникот Спорт.
Титули и награди Клупски Олимпија Милано Италијанско првенство : 1 1995-1996 Куп на Италија : 1 1996
Реал Мадрид Куп Сапорта : 1 1996-1997
Панатинаикос Грчко првенство : 3 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001 Евролига: 2 1999-2000, 2001-2002
Барселона Шпанско првенство : 2 2002-2003, 2003-2004 Куп на Шпанија : 1 2003 Суперкуп на Шпанија : 1 2004 Евролига: 1 2002-2003
Наводи
Надворешни врски Дејан Бодирога на fibaeurope.com Дејан Бодирога на euroleague.net
Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски кошаркари Категорија:Играчи на КК Задар Категорија:Играчи на КК Олимпија Милано Категорија:Играчи на КК Реал Мадрид Категорија:Играчи на КК Панатинаикос Категорија:Играчи на КК Барселона Категорија:Играчи на КК Вирус Рома Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Родени во 1973 година