Бизон (лат. Bison) е род на парнокопитни животни и припаѓа на семејството шуплороги говеда (Bovidae). Бизоните ги одликуваат кратките нозе, широкото чело со јаки и нагоре свиткани рогови, и мускулест преден дел на телото обраснато со долги темнокафеави влакна. Живеат во крда, а мажјаците може да пораснат и до 3,5 m должина и 2 m во висина. Достигнуваат маса и до 1000 кг.

Бизонот е најголемо копнено животно во Европа и Северна Америка. Родот на бизони обфаќа четири изумрени и два современи вида:

Европски бизон (Bison bonasus) Американски бизон (Bison bison).

Во Европа слободно живее само во Бјаловешка шума (Полска, Белорусија). Во Северна Америка се проценувало дека огромните стада на бизони се составени од 60 милиони животни, а денес се речиси потполно уништени.

Категорија:Цицачи Категорија:Бизони