Туамоту (, официјално ) — архипелаг во Тихиот Океан составен од скоро 80 атоли и острови. Административно, архипелагот е дел од Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција. Вкупната копнена површина на Туамоту е 850 км2, а морската територија е скоро колку територијата на Западна Европа. Туамоту има вкупно население од околу 16.000 жители. Автохтоното население на Туамоту се Полинезијци, Туамотуанци, и зборуваат на туамотски јазик.
Демографија
Според податоците 2007, Туамоту, заедно со Гамбиеровите Острови, имале население од 18.317 жители. Автохтон јазик на Туамоту е туамотскиот јазик, освен на Пука-Пука и Маркиските Острови каде се зборува маркиски јазик.
Географија Иако архипелагот е расштркан на огромна територија, вкупната површина на копното на островите е 885 км2. Климата на островите е тропска и топла, без други сезони. Релативната просечна температура е 26 степени целзиусови. Островите немаат постојани езера и реки со свежа вода, па питка вода се собира од дождовница. Низ историјата не се забележани вулкански активности.
Поврзано Француска Полинезија Полинезија
Наводи
Надворешни врски
Стивенсон, Роберт Луис, (1896), „Во Јужните Мориња“ Официјално туристичко место на Тахити Географско мрежно место Административно мрежно место
*